Штедачите од ТАТ ќе тужат во Стразбур


Здружението на необесштетени штедачи на пропаднатата штедилница „Тат“ денеска пред Основен Суд-Битола одржа мирен протест, кој, како што истакнаа, бил насочен кон Основен Суд Скопје-2 и Апелационен суд во Скопје.

tatСпоред претседателот на тоа здружение Пеце Гогучевски, судот донел формална одлука за нивното тужбено барање од пред седум години, без суштинско навлегување во тужбата, односно одлука дека здружението нема право да поднесува тужба.

– Ако судот донесеше суштинска пресуда, таа ќе беше позитивна и судскиот спор што го водиме седум години ќе беше завршен. Веруваме дека Судот ќе ја исправи грешката и ќе донесе праведна пресуда за да не бараме меѓународна правда. Како легитимно здружение што се бори за остварување на своите права и сакаме да ги оствариме пред судските органи во државата, а доколку има потреба и надвор од неа односно во Стразбур, посочи Гугучевски.

На денешната средба со новинарите беше истакнато дека Здружението на необесштетени штедачи на штедилницата „Тат“-Битола има 1.100 штедачи на кои не им се вратени околу 15 милиони евра. Штедилницата пропадна во 1997 година.

– Иако пропаѓањето на штедилницата беше во времето на СДСМ, ние не сакаме да дејствуваме политички, ниту да се здружуваме врз основа на нечии ветувања. Подготвени сме да ја повлечеме тужбата и вонсудски да се договориме, истакна претседателот на Здружението на необесштетени штедачи на „Тат“-Битола, Гугучевски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1