Замрзнале бебе на 4 дена за да му го спасат животот


Доктори во Англија успеале да му го спасат животот на новороденче, така што му ја намалиле телесната температура и во таа состојба го држеле четири дена.

beba-naslovna-2Едвард Ивс е бебето кое што било родено со само 5% веројатност дека ќе преживее, поради состојбата која се нарекува „суправентикуларна тахикардија“ Кога се родил Едвард, неговото срце чукало со брзина од 300 отчукувања во минута, речиси двојно повеќе од вообичаено. Докторите го замотале во ќебе намачкано со ладен гел, со што му се успорил метаболизмот и спречиле оштетувања на мозокот и оштетување на другите витални органи.

Лекарите во Универзитетската болница во Лондон, успеале да ја намалат температурата за четири степени, по што малиот Едвард преживеал.

По два дена се обиделе полека да ја вратат неговата телесна температуа, но неговото срце повторно почнало да чука со неверојатна брзина, по што морале да го замрзнат уште два дена.

Во тој период, малиот Едвард петпати примал електрошокови од дефибрилатор поради потенцијалниот ризик срцето да не престане да чука. Во четвртиот ден, срцето почнало да чука со нормален ритам па докторите на секои 24 часа му ја зголемувале телесната температура за еден степен.

По еден месец, малиот Едвард бил со мама и тато, отишол дома, а денес, мајка му Клер вели дека нивниот син е среќно неколку месечно бебе.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1