На денешната седница советот на Штип донесе одлука, нов командир на Штипската полициска станица да биде Дејан Петров.
Штипската полиција остана без командир по акцијата ,, детонатор,, во која беа уапсени и полицајци кои биле вмешани во аферата.
Дејан Петров е од Штип, завршил Правен Факултет и веќе 9 години е во полицијата. МВР освен Петров за потенцијален командир на штипската полиција ги достави и имињата на Драган Данев и Ристе Недков.