Штип: Претепана социјална работничка


Вистинска драма утринава се случувала во штипскиот центар за социјални работи. Социјален работник бил натепан на своето работно место. Незадоволните странки својот бес  го истуриле откако го виделе решението со кое ги одбиле од социјална помош. Имено маж и жена кои живееле во вонбрачна заедница влегле во канцеларијата на службеничката барајки образложение, пишува Алфа.

stip policijaОткако не го добиле одговорот кој тие сакале да го слушнат жената и се нафрлила  и почнала да ја дави. Вработената одвај успеала да се извлече од рацете на разбеснетата странка, а останатите вработени откако ги слушнале повиците за помош на нивната колешка веднаш повикале полиција и брза помош.
Нападнатата службеничка со возило на итната медицинска помош е однесена во штипската клиничка болница каде се констатирани нагмеченици на една од рацете.
Инаку вработените од штипскиот центар се жалат дека се постојана мета на заплаки од страна на незадоволните странки.
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1