СВР Штип поднесе кривична пријава против К.М.(66) и И.М (41), двајцата од пробиштипското село Ратавица, поради постоење основи на сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело „поттикнување“ во врска со кривично дело „убиство“.
При крајот на јули 2016 година пријавените, татко и син, по претходен меѓусебен договор со намера да ја лишат од живот Д.М.(35) снаа и сопруга, која поради нарушени брачни односи го напуштила домот во кој живеела со пријавените и заминала да живее во Штип.
Тие како соизвршители стапиле во контакт со М.Ц.(37) од Штип при што со умисла го поттикнале за награда од 10.000 евра да изврши грабнување на сопругата на второпријавениот и да им ја предаде за да ја лишат од живот.
Како капар за евентуални трошоци на М.Ц., кој требало да го изврши грабнувањето на жената, му дале 17.000 денари, а останатите ветиле дека ќе му ги дадат откако ќе им ја предаде. Од страна на судија на претходна постапка на пријавените изречена им е мерка притвор во траење од 30 дена.