Штипјанец ја киднапирал и ја малтретирал поранешната девојка


Штипјанец ја грабнал и малтретирал поранешната девојка. Полицијата соопшти дека 35-годишниот М.И. од Штип ја грабнал 21-годишната Н.И. од Радовиш, од дворот на семејната куќа во периодот на одржување на струмичкиот карневал.

iscelitel siluvanjeДевојката која вчера ја пронашол и ја ослободил нејзиниот татко, во полиција изјавила дека М.И ѝ пришол од зад грб, ја фатил за уста и ја качил во комбе по што изгубила свест, а откако се разбудила се нашла во хотел. Потоа штипјанецот ја повикал и неговата мајка и сите заминале во Скопје.

Следниот ден поранешното момче и мајка му,  ја однеле девојката во битолско село каде што останале неколку дена, а потоа се вратиле во Штип од каде што се упатиле во некое село на планината Плачковица.

По одреден период ја вратиле во Штип, во куќа на  улицата „Карл Маркс“. За цело време додека траела голготата со грабнувањето, М.И. на поранешната девојка ѝ упатувал сериозни закани по нејзиниот живот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1