Сопственикот ја договорил својата стара куќа за продавање на Италијанец и при иселувањето случајно во запоставен црн чорап кој бил прилично тежок, пронашол 17 златници, пишува порталот ВоШтип
Златниците според проценките се во вредност од 16 илјади евра.
Додека сопственикот се радувал на совето пронајдено бгатство купецот се откажал од своите намери, но се јавиле проблемите од своите лакоми роднини.
Како и по обичај во нашето поднебје блиските кога ти е најтешко никаде ги нема, а кога имаш веќе златници бараат дел од богатството.
Така роднините на срекниот пронаогач на богатството му бараат дел од истото со што и се закануваат со судски процес.
Додека сето ова се случува трагачите по старо богатство веќе се на терен и прекопуваат и истражуваат нови скриени чорапи со златници.