Штипјанките најопасни – ги кршеле од ќотек мажите


Штип е прв на статистичката листа за Источна Македонија на случаи на мажи понижувани или тепани од своите сопруг, јави телевизијата Канал 5.

Дописникот на телевизијата известува дека најчесто станува збор за психичко малтретирање.

Но некогаш пријавите се и малку смешни.

Најозборуван пример е пријавата на еден штипјанец кој се жалел на семејно насилство бидејќи сестрата на сопруга постојано била кај нив и правеле зимница.

Според НВО Ехо, сепак бројот на злоставувани жени е драстично поголем од мажите во овој дел од Македонија.

само во последните 9 месеци од оваа година има 433 досиеја за пријави од жени, жртви на семејсно насилство.

За да им се помогне на жртвите на семејно насилство, 26 невладини организации од земјава организираат мрежа преку која заеднички ќе ја водат кампањата „16 дена активизам за борба против насилството врз жените“.

Од Националната мрежа за борба против семејното насилство велат дека  во наредниот период ќе го свртат вниманието и на други облици на семејно насилство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1