Што да понесете со себе кога патувате со авион?


Доколку често патувате по воздух, знаете отприлика што да очекувате и како да се подготвите, но ако никогаш или ретко сте патувале на овој начин, неколку препораки добро ќе ви дојдат. Еве што треба да земете во торбата со себе за да имате попријатно искуство додека летате.

avion patnikЧепови за уши – Деца кои врискаат, луѓе кои спијат гласно (`рчат), звукот на авионските мотори… сè ова придонесува да се чувствувате поизморено за време и по летањето. Добри слушалки за врева или чепови за уши се одлично решение за да се чувствувате порелаксирано.

Вода во спреј – Воздухот во авионот е сув, па одвреме-навреме прскајте го лицето и вратот со спреј. Вашата кожа и белите дробови ќе се чувствуваат многу подобро.

Чорапи – Летањето со авион може да биде студено и во летните периоди од годината. Доколку сте зимурливи, спакувајте си (дополнителен) пар чорапи во торбата што ќе ја понесете со вас во авионот. Ако сте екстрасензитивни на студ, спакувајте и една блуза за секој случај.

Антибактериски марамчиња – Седиштето на коешто ќе седнете најверојатно никогаш не било дезинфицирано. Пребришете ги рачките на столицата, каишот, прозорецот и послужавникот на седиштето пред вас. Во средина во која влажноста на воздухот е значително намалена каква што е во авионот, бацилите од сè што е околу вас може многу полесно да навлезат во вашиот организам преку дишењето и да предизвикаат некаква болест. Подобро да се спречи отколку да се лечи.

SONY DSC

Памучен шал или марама – Ова парче во вашата торба ќе ви се најде во двојна улога – и доколку ви застуди, кога можете да го искористите како ќебе, и ако сакате да одморите, при што можете да го замотате како перница. Бонус: замотајте ја преку лицето доколку ви се погоди да седите до некој што не мириса добро.

Перница на дување – Иако шалот ќе заврши работа, доколку сакате комоција, набавете си перниче за патување, кое не зафаќа место кога е издишано, а е добро и за главата и за вратот.

Повеќенаменска крема – Изберете некоја која ви одговара на кожата. Важно е да ви го држи лицето навлажнето во текот на целиот лет, а да ви врши работа и доколку сакате да си ги намачкате рацете, кои може да ви се исушат во текот на долгото летање.

Вода – Вистина е дека вода можете да добиете и во авионот, но некои истражувања покажаа дека во авионската вода може да има бактерија, па можеби ќе се помислите пред повторно да посегнете по ова бесплатно задоволство. Не купувајте сокови бидејќи од шеќерот ќе станувате уште повеќе жедни. Водата ќе мора да ја купите откако ќе ја поминете сигурносната проверка или пак, може да си понесете празно шишенце и да го наполните со вода од тоалетите.

Сендвич – Земете си храна од дома која знаете дека е здрава и чиста. Направете си сендвич како за на училиште и понесете си овошје и јаткасти плодови кои ќе ви дадат енергија и се одлични за имунитетот. Авионската храна е скапа, а дури и кога е бесплатна полна е со конзерванси.

Добра книга, киндл или портабл играчка конзола – Долгите летови се одлични за читање добра книга на раат. Понесете си печатено издание или пак наполнете го вашиот киндл или друг уред со саканата литература. За некои, подобра опција ќе биде играчка конзола.

Лабело или гроздова маст – И на усните им треба нега и навлажнување додека трае летот. Ова е евтина инвестиција со долготраен рок на употреба.

Кафе пауза

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1