Еве како да ги читате бар кодовите и декларациите – за да не ви подметнат штетни производи


Производителите на храна со закон се обврзани во декларациите да наведат што содржи нивниот производ, но многу од нив вешто ги прикриваат несаканите состојки користејќи шифри или латински имиња кои купувачите не ги разбираат.

Bar-kod-1Еве накратко како да ги протолкувате декларациите и бар кодовите. Како да ги препознаете потенцијално штетните прехранбени адитиви.

Доколку на производот нема наведено земја на потекло има начин како тоа да го видите од бар кодот. Производителите се повеќе ги кријат производите кои доаѓаат на пример од Кина, Тајван или САД земји каде најмногу се користат адитиви и опасни состојки по здравјето во финалните производи кои ги продаваат.

БАР КОД – ЗЕМЈА НА ПОТЕКЛО

Ако првите три бројки од бар кодот се 690, 691 или 692 тогаш производот е направен во Кина, 471 тогаш станува збор за Тајван. Ако пак баркодот започнува со бројките 531 тогаш станува збор за македонски производ , 530 албански, 380 бугарски производ  итн.

Останата листа на префикси може да ја најдете ТУКА 

bar-kod-znacenje

ЕТИКЕТИ – НАВЕДЕНИ СОСТОЈКИ 

Заситените масти (Saturated Fats)
“заситени масти” може да се најде на производи од животинско потекло: млеко, путер, сирење, црвено месо, сладолед. Тие се проблематични, бидејќи го зголемува ЛДЛ, или “лош” холестерол.

etiketa deklaracijaТранс масти (Trans Fats)
Овие релативно нови непријатели на здравјето се најмногу во готови пецива. Полоши се и од заситените масти, бидејќи освен “лош” холестерол, тие го подигнуваат и нивото на триглицериди и ги прават крвните плочки уште полепливи, а со тоа поттикнуваат на развојот на запушени крвни садови.

А висока доза на транс масти го зголемува и ризикот од срцеви заболувања. производителите понекогаш избегнуваат директно именување на транс мастите на декларациите, треба да знаете дека тие се и како ,,делумно хидрогенизирано билно масло или како ,, билна мрс,,

Избегнувајте храна која содржи повеќе од 10% заситени масти или повеќе грама на транс масти да се намали ризикот од срцеви заболувања.

Фруктозен сируп
Овој засладувач го има во сок, колачи, па дури и готови сосови за тестенини. Се смета за еден од главните виновници за глобалната епидемија на дебелината и дијабетес, бидејќи како и другите шеќери, драматично го зголемува нивото на шеќер во крвта, а не ве заситува. најдобро е да се ограничи внесувањето на производи со додаден вештачки шеќер.

Хемикалии
Некои странски имиња на состојките како што се “potassium (калиум метабисулфит) и “calcium chloride” (калциум хлорид) можат да бидат и околу петина од вкупните состојки на некој производ.

Иако не се присутни во големи количини, тие се генерално конзерванси и може да имаат негативно влијание врз здравјето на луѓето. Некои луѓе кои се чувствителни на sulfites може да имаат алергиска реакција.

Натриум
Натриум или сол, е многу важна хранлива состојка, но многу јадат повеќе сол од дневните потреби. Натриум не влијае гликозата во крвта, но просечен возрасен треба да внесува помалку од 2.400 милиграми на натриум дневно. Внимавајте што пишува на декларацијата колку натриум содржи. Некој ја имаат во преголеми количини.

Nutrition_label

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1