Видеата на Џорлев симнати од Youtube без објаснување


Најголем дел од видео материјалите на маестро Зоран Џорлев се отстранети од Youtube без никакво образложение. Сит видеа кои биле закачени од еден налог преку ноќ само ги снемало. Маестро Џорлев за ова напишал на својот фејсбук профил –

zoran dorlev 2„ Пријатели со големо жалење сакам да ви соопштам дека речиси сите мои виде клипови се тргнати од YOUTUBE?!?!?!

Не би сакал да размислувам негативно, но се обидов да добијам одговор од ON AIR MUSIC и ON AIR FM-Macedonia но ми одговорија дека немаат врска со ова. Кој и да е не ми прави мене лично ништо негативно туку напротив ја уназадува Македонската народна песна бидејќи се избришани сите клипови од мојата емисија „Зајди Зајди“ и уште многу други клипови со плејада пејачи, музичари, млади таленти…

Сите овие години се трудам во Македонската историја, Македонската песна да влезе и остане за генерациите  што доаѓаат, но со ова се прави директен атак врз неа.

Сите вие кои мислите дека може да помогнете да ги вратиме видео клиповите на  YOUTUBE, сторете го тоа во име на МАКЕДОНСКАТА ПЕСНА, ТРАДИЦИЈА, КОЈА НЕ ОДДРЖУВА КАКО МАКЕДОНЦИ И КОЈА СЛУЖИ КАКО ПРИМЕР ЗА МНОГУМИНА КОИ ЈА СЛЕДАТ НАШАТА МАКЕДОНСКА МУЗИКА ОД СИТЕ СТРАНИ НА СВЕТОТ !!! “

Според информациите отстранети биле сите видео клипови кои биле закачени од налогот – “ladomiroff”

zoran djorlev

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1