Што е дело на воената технологија, а го користиме


 

Иако не размислуваме многу често за тоа од каде поткнува целата технологија што ја поседуваме во домот, ние сепак таа ја користиме без престан.

Колегите од дневник.хр сепак си го поставиле ова прашање, резултатите до кои дојдоа се од очекувани до зачудувачки.

Но да почнеме со ред:

1. ГПС

Како една од поновите технологии, општо е познато дека ГПС технологијате во 1990 година беше пуштена во употреба за навигација на американската војска.

Сепак, во 1996 година по налог на тогашниот претседател Бил Клинтон, ГПС технологијата стана достапна за целиот свет.

2. Епипен

Епипен е медицинско помагало составено од игла, шприц и медикамент, кое им помага на алергичните и дијабетичарите да не паднат во шок.

Тоа е средство за една уптреба кое се вбризгува преку бутниот мускул, а измислено е војската со цел за брзо внесување на против отров додека се на бојното после.

3. Карго панталони

Измислени во далечната 1930 година од страна на британската армија, карго панталоните биле многу практични со големиот број на џепови. Од чување екстра муниција, предмети за преживување, мапи,комуникациски уреди и се друго што би му затребало на еден војник на терен, панталоните наскоро станале стандард и во американската војска. За јавноста тие се пуштени во продажба дури во 1990 година, а се популаризираат со рап музиката и хип хоп културата.

4. Изолир трака

Иако денеска може да се најде во секое домаќинство, изолир трака била смислена од војската во далечната 1942 година за да се заштитат сандаците со муниција од вода.

Сепак за време на втората светска војна, војнивите откриле дека  таа има безброј употреби и била одлична за поправки на пушките и пиштолите.

5. Jeep

 Jeep првично бил создаден од армијата на САД за извиднички мисии во Втората светска војна.

Денеска компанијата го слави 70иот роденден, а новите модели се полни со модерна технологија и луксузен ентериер.

6. Компјутери

ЕНИАЦ бил првиот компјутер создаден за војската на САД во Втората светска војна.

Војската платила милиони долари за компјутерот со чија помошнаучниците можеле да напредуваат во балистичките истражувања.

7. Микробранова печка

Повторно САД и повторно Втората светска војна. ВО 1945 година научниците откриле дека радарите кои ги користи војската на САД, во облик на микробранови, емитираат доволно енергија за термичко обработување на храната. Две години подоцна, микробрановата печка и стана достапна на јавноста, и од тогаш таа е составен дел од секоја кујна.

 

Благоја Гроздановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1