Најновите истражувања покажуваат дека родителите се потенцијални виновници доколку нивното дете е насилно.
Џастин Коулсон, експерт за родителство изјави дека родителите се несвесни колку нивните агресивни дисциплински мерки вушност го креираат или зголемуваат насилното однесување на децата.
Казнувањето на децата за нивното агресивно однесување само додава масло на огнот.
Базата на податоци од 140 истражувачки студии ширум светот покажува дека две третини од ненасилните стратегии не функционираат, додека само една третина имаат скромен ефект врз децата.
Нашите дисциплински методи и методите за промовирање на ненасилното однесување всушност промовираат насилство, изјави Коулсон. Тој ги советува родителите да се воздржат од нивниот природен нагон да реагираат и наместо тоа да поразговараат со своите деца.
– Не ме интересира што си направил, мораш да престанеш да го правиш тоа е сосема погрешна воспитна мерка, додава тој.
Статистиките покажуваат дека во Австралија, едно од четири деца на секои две недели пријавуваат насилство, додека 80 отсто од децата се сведоци за сајбер насилство, а 40 отсто се жртви на онлајн искористување.
Коулсон, кој и самиот е татко на шест деца, кој ја оставил кариерата во радио, за да дипломира психологија и да стане подобар родител, вели дека родителите и наставниците мораат заедно да работат со децата.