Што гасеше пожарната во вулканот? – Прентоски тврди „ГО ГАСЕВМЕ СУЛФУРОТ ВО КОСЕЛ“


Првиот човек на Tериторијалната протипожарна служба од Охрид , Спасе Прентоски тврди дека ова не е првпат вулканот во Косел да се запали.

pozar vulkanЗаради осетливоста на темата, Охрид 1 ДОСЛОВНО ги пренесува изјавите на Командирот на Пожарната од Охрид, кои ги објавуваме без никакви кратења и корекции од збор до збор:

– Ова не е прв пат да интервенираме на вулканот. Според нашата прецизна евиденција сме го гаселе вулканот и во 2004 година и тоа исто така во месец мај. Таму и тогаш нешто горело. Веројатно сулфурот гори и сме интервенирале да го гаснеме сулфурот ! – рече Прентоски.

На наше прашање како се гаси сулфур кој е во гасовита состојба , Прентоски одговори:

– Ќе се јавите на 193 и ќе го побарате Мирче Спироски ! Тој е од Косел и ќе ви објасни најдобро, тој вулканот го познават и ќе ви објасни најдобро ! Тој беше на интервенција врз вулканот , а не бев јас ! – дословно ја пренесуваме изјавата од Прентоски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1