Што ја чека ЕУ во 2015 година?


Новиот претседател на Комисијата Жан-Клод Јункер најави амбициозен инвестициски план тежок 300 милијарди евра, за да се покрене европското стопанство кое стагнира. Тој истакна дека на Европа и треба реиндустријализација, т.е. индустријата повторно да дава најмалку 20 отсто од европскиот БДП.eurozone

– Време е да внесеме нов живот на европскиот проект во момент кога граѓаните губат доверба, кога екстремистите од лево и десно ни дишат во врат, а нашите конкуренти не надминуваат. Не чекаат големи предизвици, а на нас е да ги обликуваме. Ако сакаме да играме улога во иднината, мора да ја играме сега. На нас е да обезбедиме европскиот социјален модел да биде видлив од секој наш потег, бидејќи Европа е заедички штит за сите тие кои имаат среќа да припаѓаат на овој прекрасен континент – рече Јункер во Европскиот парламент откако беше изгласана новата Комисија.

Кон крајот на декември Јункер го претстави својот инвестициски план, кој не предвидува свежи пари, туку со помош на постоечките средства во буџетот на ЕУ и со придонес на Европските инвестициски банки настојува да привлече приватни инвестиции во висина од 315 милијарди евра. Планот почнува на три основни точки: мобилизирање на средствата за инвестиции без зголемување на јавните долгови; насочување на инвестициите на проекти во клучни подрачја како инфраструктурата, образованиеток, истражувањето и иновациите; отстранување на пречките за инвестирање во некои сектори.

Планот предвидува воспоставување на нов Европски фонд за стратешки инвестиции внатре во Европските инвестициски банки. Тој фонд ќе располага со 21 милијарда евра почетен капитал, од кои 16 милијарди евра гаранција за пренамена на внатре постоечкиот буџет на ЕУ, а 5 милијарди ќе ги ангажира ЕИБ.

Планот на Јункер доби политички благослов од Европскиот совет на 18 декември, кој од Комисијата побара веќе во февруари да подготви предлог за воспоставување на Европски фонд за стратешки инвестиции ЕФСИ, да можат да се покренат новите инвестиции кон средина на идната година.

За сега инвестицискиот план не е дочекан со голем ентузијазам. Нема многу познати детали и постојат многу дилеми. Донесувањето на потребните законски акти за негово спроведување ќе биде една од главните преокупации во европските институции во првата половина на идната година.

Идната година се очекува дека големо внимание во европската јавност ќе предизвикаат преговорите со САД за склучување на Трансатланско трговско и инвестициско партнерство ТТИП, преговори кои треба да бидат готови до крајот на годината, а кои предизвикуваат многу контроверзи. Предизвик за Унијата ќе биде и да се зачува единството во однос кон Русија поради нејзината улога во дестабилизацијата на Украина. 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1