Претседателот на Владата на Србија Александар Вучиќ ќе му подари икона на Белиот ангел на британскиот принц Чарлс. Тоа е личен подарок на Вучиќ за принцот од Велс.
Иконата на Белиот ангел носи категоризација број еден на заштита на УНЕСКО. Оваа реплика е изработена во женскиот манастир „Св. Восресение Христово“ во бачката Епархија.
Британскиот престолонаследник Чарлс и неговата сопруга Камила ќе допатуваат денеска во Белград. Оваа посета е дел од патувањето на принцот Чарлс на регионот.