Што ќе се случи ако Грција банкротира?!


Новата грчка влада се чини нема никаков интерес од продолжување на европската програма за помош. Со тоа државниот банкрот и исфрлањето од еврозоната се речиси неизбежни, велат експертите, за Дојче Веле.

Земјите-кредитори настојуваат Грција да прифати продолжување на финансиската програма за помош. Но, и тие ја знаат политиката на Ципрас:

„Тоа грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе го проголта само ако е добро зачинето“, вели главниот економист на Комерц банк Јерг Крамер во интервју за Дојче веле.Greece-Euro-Crisis-300x199

Тоа би значело продолжување на рокот на отплата на билатералните кредити на 50 години, грејс период од десет години и намалување на и така ниските каматни стапки“, вели тој.

Кремер потенцира дека ако се наѕре банкрот на Грција, тогаш и државните обврзници од грчките банки, ќе бидат безвредни. Тогаш и Европската централна банка мора да го запре течењето пари за обезбедување ликвидност. Грција би била „отсечена“ од дотокот на пари и со тоа фактички би излегла од европската монетарна унија.

Од друга страна, експертите сметаат дека Грција може да се обиде повторно да ја воведе драхмата. Преку нејзина драстична девалвација од околу 50 проценти, ќе се воспостави повторно грчката конкурентност. Така патувањата во Грција ќе бидат многу поевтини и ќе зајакне туристичката индустрија, толку важна за земјата. Исто така и евтините извозни производи можат да ја откочат домашната економија. Но, производите и услугите кои Грција ги увезува од странство, ќе станат многу поскапи.greece-exit-euro

И во тој случај, предупредуваат експертите, долговите на Грција нема да бидат избришани, туку ќе останат непроменети, и тоа во евра. Направените долгови, поради девалвацијата на сопствената валута, драстично ќе пораснат, ако Грците треба да ги враќаат старите долгови во евра со новата евтина драхма. На доверителите, а тоа би било посебно погубно за грчките банки, со тоа им се заканува целосно пропаѓање на нивните побарувања.

Во тој случај Грците би извеле т.н. јуриш врз банките, за да ги испразнат своите сметки во домашните банки за стабилните евра. Тоа може да доведе до колапс на националните банки и да го урниса дури и целокупниот грчки платежен систем.

Како и да е експертите оценуват дека Грција ја очекуваат тешки времиња со оглед на политиката на новата Влада во однос на грчкиот долг. Без нови кредити, земјата веројатно тешко може да ги финансира своите тековни трошоци. Државата мора да се потруди да го одржи функционирањето на социјалните системи и натаму да ги плаќа службениците и пензионерите. Резовите би ја погодиле и јавната инфраструктура, болниците, јавниот сообраќај, одвезувањето смет и образовниот систем.

Според аналитичарите, за Германија, главниот грчки финансиер, банкрот е поскап отколку грчко напуштање на еврозоната и затоа треба да се инсистира на такво сценарио.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1