Вечер во МОБ се одржува прекрасната скопска институција Скопски Фестивал. Оваа година, ќе бидат изведени 20 песни, следени од Ревијалниот оркестар на МРТ.
Луѓе кои ќе ги видиме и чуеме:
Верица Пандиловска, Јана Бурческа и Мики Секуловски, Ристо Самарџиев, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Стефан Чепишевски, Емил Арсов со Тончи Хулиќ и Мадре Бадеса, Александра Јанева, Наталија Данаилова, Нина Јанева, Мики Јовановски Џафер, Ѓоко Танески, Андријана Јаневска, Елена Ристевска, Тамара Тодевска, Дани Димитровска Сара Мејс, Горан Каран, Игор Цукров и Кристина Арнаудова. Водител е Васил Зафирчев.
Најдобрите ќе добијат парични награди, а на Љубомир Бранѓолица ќе му биде доделена награда за животно дело, како композитор на забавна и балетска музика.