Што кријат тајните документи за нападите на 11. септември


Белата куќа би можела да ја извади ознаката за тајност од дел од документите од службената истрага за терористичкиот напад на 11. септември 2001. година во Њујорк и Вашингтон, во кои како можни донатори на Ал Каеда се споменуваат високи претставници на Саудиска Арабија.911 njujork bliznacki

Многу прашања биле поставени оваа седмица за документите од извештајот за Конгресот, кои се состојат од 28 страници, по сведочењето на Закариа Мусасуи, поранешен оперативец на Ал Каеда, кој се наоѓа во затвор и кој тврди дека најголеми донатори на таа терористичка организација во 90-тите години од минатиот век биле високопозиционирани државници на Саудиска Арабија.

Саудиските власти ги отфрлиле сите обвинувања. “САД и Саудиска Арабија одржуваат силни врски во борбата против тероризмот, како клучен елемент на нашето широко и стратешко партнерство”, рекол Џош Ернест, портпарол на Белата куќа, пренесува Independent.

Мусасуи тврди дека листата од саудиски донатори вклучува “многу познати” саудиски државници, како што е принцот Трукиј ал Фаисал ал Сауд, поранешниот шеф на разузнавачките служби.

Американските власти кои се запознаени со тој извештај, се поделени околу прашањето дали треба да се декласифицираат како тајни. Други луѓе кои се запознаени со извештајот истакнуваат дека повеќето од материјалите во него потекнуваат од ФБИ.

“Никој од вмешаните личности не бил испрашан, и многу релевантни документи уште не се откриени”, смета Филип Зеликов, поранешен извршен директор на Комисијата 9/11.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1