Во Њујорк одадена почит на загинатите од 11 септември


Американците денеска во Њујорк им оддаваат почит на загинатите во терористичките напади на 11 септември 2001 .

Церемонијата традиционално се одржа на местото каде се урнаа кулите Близначки во тероритичкиот напад во кој загинаа околу 3 000 луѓе. На местото се собраа роднините и пријателите на жртвите меѓу кои и на пожарникарите и полицајците , кои загинаа додека им помагаа на луѓето да се спасат од зградите во пламен.

Со минута молчење точно во времето кога се случи нападот , во 8.46 и 9.03 часот , по дождливо време им беше одадена почит на загинатите.

Во првиот ред беа гувернерот на Њујорк , Ендрју Куомо , американската амбасадорка во ОН , Ники Хејли, градоначалникот на Њујорк , Бил де Блазио , како и неговиот претходник од времето кога се случи нападот, Руди Џулијани.

На 11 септември 2001 година два авиона, грабнати од терористи, удрија во кулите близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк и ги урнаа до темел. Трет авион се урна во зградата на Пентагон во Вашингтон, додека четвртиот не успеа да стигне до својата цел, благодарение на, како што се верува, интервенцијате на патниците кои влегле во судир со грабнувачите и тој се урна во државата Пенсилванија.

nyc002Терористичките напади предизвикале огромни економски штети, како од директните материјални оштетувања и човечки жртви, така и поради падот на довербата во интегритетот на економскиот и финансискиот систем на САД. Веднаш по нападите биле затворени Њујоршката берза и НАСДАК, и останале затворени дури 6 дена.

Сите летови над САД биле приземјени, а меѓународните летови од и кон САД биле пренасочени. Никакви летови не биле дозволени над територијата на САД во текот на следните 3 дена.

Самите напади предизвикале отштетни побарувања од осигурителните компании во вкупен износ од 20,7 милијарди американски долари

Терористичката група се состоела од вкупно 19 учесници од арапските земји, од кои повеќето биле од Саудиска Арабија. Тие, управувајќи четири киднапирани патнички авиони полни со гориво, се урнале во кулите-близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк и во зградата на Пентагон близу до Вашингтон.

Политичките ефекти биле што повеќето земји донеле нова легислатива за борба против тероризмот, а САД заедно со своите сојузници објавиле Војна против теророт. Според теориите на заговор докази дека кулите се демолирани со контролирана експлозија и дека зад терористичките напади стојат кртови во самата влада и во службите на ЦИА, како и во кабинеот на претседателот Буш, секојдневно се зголемуваат.

Во рамки на Војната против теророт, НАТО го нападнал и освоил прво Авганистан во 2001, а потоа коалиција предводена од САД го освоила и Ирак во 2003, како земји кои го поддржувале тероризмот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1