Премиерката на Србија за прв пат отворено проговори за сексуалната ориентација и навредите


Премиерката на Србија Ана Брнабиќ, прв пат во јавноста прозборе за својата сексуална ориентациј, но и за дискриминацијата со која секојдневно се соочува.

„И пред да влезам во Владата омоето семејство и пријателите знаеја каква е мојата сексуална ориентација, како што и ја познаваа мојата партнерка. Бев свесна дека тоа ќе биде дел од мојата биографија, ако може тоа така да го наречам, дел кој ќе биде многу интересен за јавноста во Србија“, рече Брнабиќ за белградскиот магазин „Ponos”.

Има поддршка од најблиските, но се надева дека поделбите на геј и стрејт ќе престанат да бидат табу. Вели дека не пречи тоа што кога прифатила да биде дел од Владата прво како министерка, потоа премиер, луѓето ќе се „фатат“ токму за нејзината сексуална определба.

„Не ми пречеше затоа што сметав дека така и Србија се менува и дека ќе научи да прифаќа различност. Се надевав дека тоа ќе им помогне на другите луѓе да се чувствуваат покомотно во својата кожа, да соберат храброст да го живеат својот живот. Додуша, беше предизвик што на самиот почеток повеќе се зборуваше за тоа отколку за мојата професионална биографија и компетентност кои се поважни за работата за која тогашниот премиер ме повика“, вели таа.

Вели дека ја изненадиле реакциите и дека се брзо било прифатено.Позитивно ме изненади тоа што поголемиот дел од граѓаните, дури и оние постарите и традиционални, тоа брзо го прифатија и го ставија „ад акта“. Секогаш кога патувам низ Србија ме дочекуваат срдечно, без дофрлања или навреди“, вели Брнабиќ.

Но, навреди и прзивки имало таму каде што не ги очекувала, во „таканаречените демократски и европски елити“.

„Не очекував и вистински се запрепастив тоа што во таканаречените демократски и европски елити добивав, а и денес добивам, најголеми навреди и непримерникоментари, како хомопремиерка или прашања од типот “имаат ли геј партнерките некој посебен третман на робија или е исто како и за сите“, Двата коментари дојдоа од луѓе кои се исклучително либерални, но изгледа вистината е поинаква“, додава таа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1