Што навистина може да се случи ако за време на лет не го исклучите мобилниот телефон?!


Сигналот кој ги емитира и прима вашиот телефон за време на лет може да ја попречи комуникацијата и на пилотите да им предизвика дополнителни проблеми, а токму поради тоа за време на летот неопходно е на телефонот да ја вклучите опцијата „режим на летање“.

Проблем кој може да им предизвика пречки на останатите патници и пилотите пред се е бучавата доколку вашиот телефон заѕвони во близина на звучник. Во тој случај звукот се пренесува и до слушалките кои ги користат пилотите.avion vnatre patnici

Иако е тоа ретка појава, од 50 летови пилотите досадната бучава ја слушаат еднаш или два пати.

Понекогаш тие проблеми се поголеми, затоа што се случува поради невнимание на патниците да биде прекината радиоврската помеѓу пилотската кабина и контрола на летањето.

Одредени компании им овозможуваат на своите патници да користат мрежа од својот телефон поврзувајќи ги на посебни платформи за време на летот што им овозможува да пишуваат пораки или обавуваат повици но со дополнителни трошоци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1