Како што годинава измина, време е за размислување за настаните кои што следуваат. Без сомнение, 2013 не беше година за слобода, економски просперитет и мир. Полициската држава сега стана милитизирана, наметлива и насилна. Донесени се закони против слободата која го зарази Западниот свет.
Повеќе пари се слеаа од сиромашните кон богатите и повеќе војни се воделе со прстот на џоистикот. Често е тешко да се види светлата страна од ваквиот вртлог на неправди, додека некој не свати дека што повеќе опресијата расте, се сме поблиску до трендот кој не влече наназад. 2013 ни даде голем број на причини да бидеме оптимисти за иднината во која треба да има, мир, љубов и слобода. Во 2013 година сведочевме на глобална акција, која спречи непровоцирана воена акција во Сирија.
Властите наредија војна, но народот рече не. За оние кои ја следат историјата, ова е прв пат да вакво нешто се случи на глобално ниво. Во 2013 видовме само пропаст на пораст на размена на ситни произведувачи, размена на информации преку интернетот. Медиумите годинава очигледно доминираа со независните медиуми со помошта на големите светски ѕвезди како што е Едвард Сноуден. Во диктаторски манири, американската влада блокираше милион сметки поради гледање на НСА документи, и тоа е најдобрата приказна годинава. Постои огромен замав за алтернативните медиуми во 2014.
Конечно милитиризираната полициска држава доживеа противење еднакво толку брзо како што се гради. Нејзината присутност неоправдано ја убрзува поддршката за завршување на војната кон дрогата и ја доведува во прашање улогата на полицијата во друштвото, како и потребата за понатамошното ширење на затворските капацитети. Го достигнавме врвот на способноста на малобројните да ги контролираат и шпионираат поголемите земји. Тоа се очитува во нивниот голем очај кој се манифестира со отворено лудило и деспотско однесување. 2014 ќе има пресудна улога. Но тоа воглавно е причина за оптимизам. Не се знае кои се уште го држи клучот за ослободување на разорното оружје, и виртуелното и реалното.
Во 2014 сигурно ќе може да се види реализацијата на нешто страшно, ако ѕверот се заузда. Додуша нивната можност да ја задржат контролата над масата станува се поретка. Но, ТИЕ во ракавите имаат доста адути како гасењето на интернетот, банкарскиот колапс на глобалниот пазар или користење на разни случувања, како што се нуклеарната катастрофа, вонземјаните. Сепак елитната контрола сигурно ќе ја изгуби својата контрола и отисокот кон човештвото.
Победата која ја доживеавме во претходните години кои извршиле притисок на владејачките елити, видовме дека се неповратни. Речиси сите основни институции низ цел свет сега не ги почитуваат и осудуваат корупцијата, непочитувањето, манипулацијата, неспособноста и субверзијата на универзалните човекови права. 2014 многу добро може да ја означи критичната битка меѓу составот на диносаурусите феудалните елити и еволуцијата за новиот опен соурс, peer-to-peer (размена на мали корисници) модел на просперитет кои верува во моќта на индивидуалната креативност, углед, и планетарна соработка кон решенијата кои почнаа да се дигаат од дното кон горе.
Ова се десетте предвидувања за 2014
1. Државната здравствена заштита ќе биде ноќна мора. Примената и имплементацијата на здравствената заштита на Обама ќе доживее катастрофален неуспех. Тоа ќе доведе до политичко будење на левицата која во голема мера ја изгуби вербата во владејачката класа дека она ќе ги реши овие и другите проблеми.
2. Раст на независните медиуми. Во 2013 е забележан рекорд на независните медиуми. Дали активистите, новинарите се на страната на народот? Да и фала богу. Самиот факт што постои раст на пазарот за мир и слобода, е информација која е предводник кон целта каде заедно одиме како друштво.
3. Глобално усвојување на светската Крипто валута. Извонредниот Биткоин и неговите конкурентски крипто валути ја засенија идеолошката и технолошката револуција која е покрената. Иако многу усмерувања на паричните вредност на Биткоин, можеме да предвидиме дека новиот вол на разбирања ќе го обележи освојувањето, а можеби и стабилизацијата на господарстовото низ крипто-валутата. Средната банка е разоткриена како лопов низ целата планета. А луѓето сваќаат кој е нивниот вистински непријател.
4. Пробуден активизам. Се чини дека целиот свет е во состојба на граѓански немир. Тоа е всушност тоа што глобалистичкиот гласноговорник Брзезински предупреди. Луѓето се уморни од разговори. Повредените и гладни луѓе немаат што да изгубат од соочувањето со своите политичари. Тоа не мора да значи физичко насилие, ниту да значи демонстрација на моќ или одбивање да остане мир. Така веруваме дека луѓето јасно ќе ги изразат своите специфични барања, а не само да останат задоволни или да го покажат своето огорчување.
5. Се повеќе ќе настапат светски информатори. 2013 година слободно можеме да ја наречеме година на информатори. Едвард Сноуден е најистакнат меѓу нив. Голем број на луѓе го виделе Сноуден како херој за давање глас за човеково право на приватност. Се повеќе се очекува да излезат информатори кои ќе го стават својот живот на коцка за да ја разоткријат вистината и теоријата на заговор.
6. Проширување на open-source технологијата. 2013 е неверојатна година на подрачјето на 3D исписите. Видовме развој, а подоцна и гушење на 3D оружје. Но технологијата е се уште таму и се е отворено и нивната цена паѓа од ден на ден. Изумителите ќе покренат open-source возила, генератори на алтернативна енергија и др.
7. Производствена тензија со Кина. Слушаме реторика за војни, економси и војни со Кина кои почнаа да ескалираат при крајот на 2013. Веруваме дека наметнатата војна со Кина е можна. Кина во делот на источниот состав ја има централизираната контрола како на Западот. Со други зборови Кока Кола всушност вложила 4 милијарди долари во Кина и нема да го изгубат тој пазар, така што нема да има војна. Така што била каква агресија со Кина треба да се смета како целосна претстава со цел да се задржи контролата на домашната популација на двете страни.
8. Економска криза. Некој облик на економската криза е веројатен во 2014 година. Може тоа да бидат многу мали причини, кои подоцна ќе прераснат во нешто големо, но тоа дефинитивно ќе биде отчитано како централизирана кражба и контрола. Без оглед на прекидачот, Светска Банка, ММФ и ФЕД очекуваат и планираат повеќе спасување на банките, раст на цената на храната и енергијата, помалку работни места и поголема контрола на капиталот се додека нивната валута бележи раст.
9. Обид за удар на слободата на интернет. Предупредувањето на сајбер нападите и другите инфраструктурни слабости проповедуваат обид за превземање на интернетот од широки размери. Но, таквата екстремна мерка е веројатно со краток рок. Веројатно дека она што ќе биде на прво место е проширувањето на криминалните организации. Заедно со тешките казни за кршење на авторските права и другите методи на цензура содржани во Транс-пацифичкото партнерство и 2014 би можела да биде година на разни информациски војни.
10. Нападите под лажно знаме. Предупредувањата од престојниот сајбер напад или таканаречениот Пеарл Харбор на интернет, емитираат американска сигурност веќе некое време. Според нашето мислење, нападот на интернет е најверојатно „Fals Flag“ случување за 2014 година. Очекуваме поцврсти лажни напади во кои ќе се обвинува спротивната страна. Конечно најголемиот напад под Лажно знаме би можела да биде економската криза и нејзиното манифестирање во 2014. Во најмала рака, се очекува очајничка манипулација од страна на Вол Стрит и средишните банки. Една искра може да запали буре барут.
Многу од тие предвидувања би можеле да бидат причина за размислување, но признаваме дека сме немоќни да влијаеме на нивната промена и да ја прифатиме нашата сопствена пропаст. Игнорирањето на нашите победи, без оглед колку се мали, ги осудуваме на страв, дефетизам и безвредност.