Македонски државјанин измамил свештеник во Италија за 35.000 евра – зел пари и од црквата


Македонскиот државјанин Реџеп Д. (24) од италијанскиот град Тренто измамил локален свештеник од кого зел 35.000 евра за изградба на куќа и бар, но парите ги потрошил поради што добил кривична пријава за измама, пишуваат тамошните медиуми. Измамникот ја искористил добродушноста на еден од најпознатите свештеници во овој дел од Италија, Дон Фјоренцо Kијасера (73) кој му поверувал на Реџеп и освен своите, му дал пари и од локалната парохија,пренесува Дневник .

svestenik-ubio-decake-katolicki-monah-brat-andreas-morfijum-bolesna-deca-g-1341002499-179679Измамникот од 2011 година до 2013 година во неколку наврати зел 35.000 евра од свештеникот. Реџеп живеел на имотот на друг свештеник заедно со својата мајка, која таму работела. Таму го запознал Kијасера, добродушен човек, но истовремено кревок и срамежлив. Отецот се сожалил на момчето, па почнал да му дава по 50 или 100 евра кога ќе се сретнеле. Тогаш нашинецот се полакомил и почнал да бара поголеми суми. Kога сфатил дека свештеникот не може да го одбие, Реџеп му побарал на Kијасера заем од 15.000 евра за да си купи куќа во Македонија.

Свештеникот се согласил да му помогне, па од својата сметка во банка му ги дал парите на неколку рати, прво 6.000, па уште трипати по 3.000 евра. Поминале неколку месеци, но измамникот не му покажал на свештеникот никакви документи што се однесувале на купување на куќата. Дон Kијасера се посомневал дека нешто не е во ред, но сепак, му поверувал на нашинецот кој по некое време пак му побарал пари на заем. Сега Реџеп му побарал уште 12.000 евра што му требале за да купи удел во фирма што водела ноќен бар во Тренто.

karabineriОтецот во меѓувреме останал со празна сметка, па одлучил парите да ги повлече од сметката на парохијата. Пак поминале неколку месеци, па нашинецот му рекол на Kијасера дека бизнис-партнерите со кои требало да го купат барот ги изгубиле парите. Свештеникот, сепак, не го напуштил момчето, туку напротив, бил загрижен за неговата судбина. Kога Kијасера ќе се мислел дали да му позајми пари, момчето му викало за да го заплаши. Така тој продолжувал да му позајмува пари, верувајќи дека наскоро ќе го врати момчето на прав пат.

Реџеп на крајот му побарал пари за да плати некои сметки со кои планирал да купи фирма во Германија.

Измамата немало да биде откриена ако бискупот на парохијата не утврдил дека паричните донации од верниците собрани во 2012 биле за половина помалку отколку во 2011 година. Бискупот сфатил што се случило кога забележал дека Дон Kијасера бил во депресија и неволен за разговори. Главниот свештеник успеал да ја извлече вистината од отецот, па го пријавил измамникот во полиција.

Дон Kијасера, пак, не сакал да поднесе тужба против нашинецот. Обвинителството сега тврди дека Реџеп ја искористил добрината и кревкоста на отецот, па со измами и закани ги изнудувал парите.

Адвокатот на Реџеп, пак, изјавил дека ќе чека да заврши истрагата за да докаже оти не станува збор за измама. Според одбраната, нашинецот зел само 8.000 евра на заем за куќата, но дека е подготвен да врати 12.000 евра.

Рекетирал долгови за исчезната пратка кокаин

Реџеп, пак, во меѓувреме е осомничен дека заедно со уште двајца сонародници се обидел да изнуди пари од двајца државјани на Доминиканска Република во Тренто. Според полицијата, Реџеп, Тино K.(37) и Бајрами С.(38) натерале жена да стави под хипотека куќа во Санта Доминга за да плати долг од 44.000 евра. Нејзиниот син наводно ги должел парите за поголема пратка кокаин која тој требало да ја донесе во градот. Се претпоставува дека дрогата требало да заврши во Германија, бидејќи другите двајца македонски државјани дошле во Тренто токму од оваа држава.

Тројцата ~ се заканиле на мајката дека ќе го убијат синот, но бидејќи немала пари ја натерале да земе кредит откако ќе ја стави под хипотека куќата во Доминикана. Таа прифатила, а истовремено потпишала договор дека за почеток ќе им даде 13.000 евра. Таа, сепак, рекетарите ги пријавила во полиција, а нашинците без да знаат дека се откриени купиле карти за авион за Санта Доминга. Тие требало да отпатуваат за Јужна Америка заедно со жената, но на пат кон аеродромот биле уапсени.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1