Македонци лани нашле работа онлајн – работеле од дома а заработиле 550.000 долари


180 македонски фриленсери заработиле над 550.000 долари во 2013-та работејќи на проекти кои се нудат на онлајн глобалната платформа за наем на работници Elance.com.

online rabotaЗаработката во сооднос со бројот на жители, ја рангира Македонија втора во регионот после Србија,  а сумата од толку мал број на македонски фриленс работници говори дека земјава располага со талентирани професионалци. Но, тие се недоволно запознаени со можноста да работат за било која компанија во светот.

Ненад Молерович кој повеќе години се занимавал со интернет маркетинг и самиот бил еден до фриленс работниците кои лицитираат за проекти на Elance, а откако се преселил во САД бил исконтактиран од компанијата и назначаен за директор на онлајн маркетинг одделот.

Вели дека платформата нуди одлична можност за македонските професионалци од разни дејности да најдат ангажман и да заработат.

Elancе е една од интернет платформите за хонорарна работа на која свои профили имаат над 800.000 компании и 3 милиони фриленсери кои се најмуваат зависно од цените што ги нудат, но почесто од квалитетот на веќе сработените проекти за кои добиваат оценки од работодавачите.

Сител

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1