Што пукнало? Чесен, домаќин човек – вака го опишуваат убиецот од Злетово колегите


Чесен другар, домаќин, крајно сериозен, многупати пофалуван и доста стабилен човек. Вака го опишуваа професионалниот војник Драганчо Маноилов, оние со кој работел и оние со кои имал службен контакт.

На брифингот со новинарите одржан денска од страна на МО и ГШ на АРМ информираат дека Маноилов во период од јуни 2013 фавруари 2014 година, не бил ангажиран за извршување стража поради сознанијата кои ги имале дека против професионалниот војник е покрената кривична пријава.zletovo

Во овие осму месеци Маноилов превентивно не извршувал стражарски задачи, но и во наведениот период покажувал примерно однесување и не  давал никнави знаци со кои би привлекол негативно внимание.

Портпаролот на ГШ на АРМ, Мирче Ѓоргоски посочи дека веќе е формирана Комисија во која покрај стручни лица членува и психилог и треба да донесе заклучок по испитувањето на немилиот настан.

– Нашите информации зборуваат дека чинот на кој се одлучил е предизвикан со нешто, можеби со некаква информација што ја добил. На 24 ноември извршувал должност без проблем и немало никакви знаци кај него дека е растревожен, рече портпаролот на ГШ на АРМ.

Тој потенцираше дека припадниците на Армијата додека се на стражарско место немаат право да носат мобилен телефон, туку само средство за врски од АРМ.

Инаку, за време на конфликтот во 2001 година Маноилов не бил распореден во единица за логистичка поддршка и не бил изложен на некаков стрес.

Според невропсихијатарот во Воено-медицинскиот центар и за приемот во службата на АРМ, и пред упатување и по враќањето од мировната мисија ИСАФ во Авганистан во 2013 година не е констатирана никаква патологија односно дека има одредени проблеми. Психолог од Воено-медицинскиот центар пак тврдеше дека конзилијарното мислење од тројца психолози за Маноилов е дека нема никакви индикации, напротив се покажале одлични резултати.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1