Што се наоѓаат стујардесите: Урина на седишта, крвави гаќи..


Стјуардесите решија да ги споделат своите непријатни искуства, па открија што прават патниците и што забораваат во авионите.

avion patniciЕдноставно е неверојатно дека луѓето во авион сечат нокти, одат боси, па дури и перат алишта.

Се ова го потврди американската стјуардеса Сара Кегел и основачка на порталот TheFlyingPinto.com. Сара ги замолила нејзините колешки да ги споделат нивните искуства и направи листа од 10 најлоши ситуации кои тие ги доживеале во авион.

– Еден патник по голема нужда, марамчето со кое го избришал задникот го вратил во кутијата од каде што го земал.

Стјуардесата која после него влегла во тоалетот непријатно се изненадила.

– Во тоалет еден патник оставил искористена пелена за возрасни.

– Во просторот помеѓу седиштата стјуардесите дури пронашле и крвави гаќи. Па поради тоа сега тие носат ракавици кога го проверуваат авионот.

– Патник во прва класа ги соблекол чорапите и ги ставил на вентилаторот над седиштето.

Смрдеата која се раширила во авионот предизвикала револт кај останатите патници.

– Сара тврди дека во прва класа еден патник извадил нешто од чорапот и го изел.

– Една патничка во прва класа од Сара побарала ново ќебе за време на летот. Сара била изненадена, бидејќи сите патници добиваат чисти ќебиња на почетокот. Кога го земала ќебето, тоа било полно со мрсули.

– Над седиштето на еден патник, дури протекло мајчино млеко кое било ставено во шише во меѓу просторот.

– За време на лет од 18 часа една мајка ги соблекла градите и пред сите патници почнала да користи пумпа за доење.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1