Што се случува – Во април се тресела земјата во цел свет – рекорден број земјотреси


Во просек, светот месечно го погодуваат еден или два земјотреси со магнитуда од 6,5 степени или посилни. Но, минатиот месец, април, е рекордер по невообичаениот број силни земјотреси и сеизмички движења. Земјотреси се случуваат секој ден, а оние послабите го погодуваат светот барем еднаш на час.

zemjotresСпоред податоците од Пацифичкиот центар за предупредување од цунами, во април се случиле дури 13 големи земјотреси. Дури пет од нив биле со магнитуда од најмалку 7,8 степени според Рихтеровата скала, а по сите нив е издадено предупредување за цунами.

Земјата е мирна се до 1 април, кога северот на Чиле е погоден со земнјотрес од 8,2 степен. Земјата продолжува да се тресат и по еден друг силен земјотрес на Соломоновите Острови во јужниот Пацифик.

Активноста не е забавува цел месец. Но она што е навистина интересно е неверојатна бројка на земјотреси, кои не беа дел од овие две големи сеизмички активности.

Цела низа умерени до силни земјотреси ја погоди земјата ширум светот – Никарагва, Мексико, Канада и уште еден во Јужен Атлантик. Пацифичкиот центар нема поим што стои зад големиот број сеизмичко активности. Анимација завршува со мапа која ги прикажува сите земјотреси кои ја зафатија земјата во изминативе четири месеци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1