Автор M-r Ph Марија Петреска /
Лето е… Сите се подготвуваат за на летен одмор. Некои ќе посетат некои ексклузивни релации, а некои пак спас од високите температури ќе бараат на некое од нашите прекрасни летни дестинации. Сепак за да имате совршен летен одмор без разлика каде ке одите не е битна само дестинацијата туку и работите кои ќе ги понесете со себе. Еве без што не смеете да го започнете овогодинешниот летен одмор. MKD News ви пренесува совети од прва рака од нашиот фармацевт.
Пред да ја подготвите вашата торбичка и тргнете на пат, мора да се обезбедите со лекот кој го спречува гадењето и повраќањето при патување. Тоа е лек од групата на антихистаминици кој се зема 30 минути пред да тргнете на пат.
Поради различната микробиолошката чистота на водата во различни населени места, како и различниот начин на исхрана во другите градови и земји, неизбежна е појавата на дијареа и гадење, особено кај децата. Секако сето тоа може да биде и последица на одредено вирусно заболување, на кое за жал најчесто се подложни најмладите. За да го спречите тоа неопходно е пред се да понесете пробиотици со цел да се нормализира цревната флора и електролити.
Бидејќи во летните периоди најчесто доаѓа до дехидратација на организмот, особено е важно да се спречи ваквата појава. Тоа ќе го направите доколку со вас понесете пробиотиците и електролитите кои едноставно мора да ги имате со вас особено доколку одите на одмор со вашите деца. Овие состојби на вируси или пак дехидратација од предолготрајна изложенсот на сонце, проследено со недоволно внесување на течноси, може да доведат до зголемена телесна температура, за која како прва помош се даваат антипиретици, кои пак се уште една група лекови кои морате да ги понесете со вас, во различна форма и јачина соодветно за вас или вашето дете. Секако не ги заборавајте и аналгетиците, средствата против болка.
Следно, но не и помалку важно, е заштитно средство од сончевите зраци како и средство кое е наменето за заштита на кожата после подолга изложеност на сонце. Иако многумина би помислиле дека тоа е помалку важно, сепак ова средство за после сончање има поддеднаква важност, затоа што колку и да се заштитуваме, ние се заштитуваме од прекумерно горење, но не можеме во целост да се заштитем од штетните влијанија на ултравиолетовите зраци кои невидливо ја оштетуваат кожата. Во ваквите случаи токму овие средства ќе ја заштите кожата од се она што може да настане како задоцнета реакција на влијанието на особено штетните зраци во последните години. Во аптеките ќе најдете средства кои се со соодветен заштитен фактор за состојбата на вашата кожа, како и кожата на вашето дете.
Во торбичката за прва помош за време на летниот одмор мора да ставите и лек против алергија, за вас и вашето дете, соодветно, зашто не можете да предвидите кога може да се појави алергиска реакција од сонцето или пак од одреден вид на храна. Со овој лек добро би дошла комбинација од средство за надворешна употреба кое е наменето за смирување на воспалителни реакции, кои се последица од алергии, убод од инсект и слично.
За оние кои со себе ќе ги понесат и своите деца мора да напоменеме дека секако тоа се деца кои колку и да сакате да ги скротите и натерате да седат мирно да вас нема да ви успее, нивната игра многу често знае да доведе и до физичка повреда. За таа цел доволно е со вас да имате средсво за испирање на рани, може да е тоа раствор на јод 10 процентен, или пак три процентен хидроген, стерилни гази за преврзување и секако водоотпорен ханзапласт со различна големина.
Секако дека не треба да заборавите да ставите заштитна крема од сончевите зраци, но не смеете да ја исклучите можноста дека изгореници ќе се појават на вашата кожа или на кожата на вашето дете, затоа во вашата домашна аптека не го исклучувајте средтството наменето за изгореници, тоа обично се средства кои содржат витамин А и Д со цел побрзо да се обнови оштетената кожа.
Доколку вие или вашето дете е под било каква терапија со лекови, за време на вашиот одмор не смеете да ја прекинете истата. Советувајте се дополнително со вашиот лекар или фармацевт за безбедноста на можното комбинирање на лековите, убаво распрашајте се и запишете, се за начинот на дозирање на секој од лековите кои ги понесувате со вас.
Доколку се прашувате дали да понесете антибиотик со вас, пред да влезете во аптека и да купите се што ви треба, да го посетите вашиот матичен лекар кој би ве насочил во која ситуација би требало да почнете да го користите, затоа што антибиотиците се лекови кои се користат за бактериски инфекции, а покачената темература, повраќањето, затнатиот нос, проливите….доколку се јават за време на летните одмори, 99 проценти не се симптоми на бактериска инфекција.
И за крај уште еден мал совет, доколку се појават овие симптоми кај вас или вашето дете, 24 часа пред да одлучите да го употребите антибиотикот, редехидрирајте го организмот со голема количина на течности, со употреба на пробиотик и електролити, антипиретик за да ја намалите температурата, лесна храна, избегнете го изложувањето на сонце… Но пред се бидете сигурни дека ви е јасен начинот на употреба на сите овие лекови и дека ви е нагласено колку е важно да се придружувате кон советот од вашиот фармацевт при подигање на овие средства од аптеката, со цел да го зачувате вашето и здравјето на вашите најмили за време на летниот одмор, секако и тој самиот да не биде уништен и остане еден од вашите најмили спомени.
Имајте пријатен одмор. M-r Ph Марија Петреска