Среде бел ден прободена и убиена жена во Струга


78 годишна стружанка попладнево е убиена на само неколку метри од нејзината куќа. Била избодена неколкупати во пределот на грбот.

Според МВР Милица Л. околу 11.15 часот е убиена во Струга во близина на Стопанска банка во центарот на градот. 37 годишниот Г.М. од селото Калишта и пришол од зад грб и неколку пати ја избодел со нож.

Побегнал од местото,  но подоцна полицијата го пронашла и привела.

Жената била пренесена во Ургентиот центар, но им подлегнала на повредите. Се  работи на откривање на мотивите за бруталното убиство.

Share Button

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1