Што треба да знаете за Џина Хаспел, новата директорка на ЦИА


Со нејзиното назначување за директор на ЦИА, Џина Хаспел станала првата жена во историјата која ја врши таа должност. Станува збор за висока функција, а Хаспел е прилично непозната личност, барем досега. Па, која е жената која ќе ја води “шпионската агенција” на државата?

Хаспел, која доаѓа на местото на новиот државен секретар Мајк Помпео, соработува со агенцијата уште од 1985. година, минувајќи поголем дел од својата кариера “на тајни задачи”. Добила неколку награди, меѓу кои и наградата “George H.W Bush” за придонеси во борбата со тероризмот и “Presidential Rank Award”, највисоката награда во федералната агенција. Исто така била сведок на некои од мачењата на осомничени терористи.

Според еден извештај на “New York Times” од 2017. година, Хаспел во 2002. година присуствувала на мачење на двајца осомничени во таен затвор на Тајланд, а подоцна била вмешана во уништувањето на видео-снимките од тоа мачење.

Еден од споменатите осомничени бил изложен на “Waterboarding” 83 пати во период од само еден месец, главата му била удирана од ѕид, а бил изложен и на други сурови методи пред агентите да оценат дека нема корисни информации, пишува “The Times”.

Како резултат на таа тортура, таа била сменета од позицијата шеф на тајните служби на ЦИА.

Хаспел прв пат била поставена да води тајна операција на ЦИА во 2013. година, но Сенаторката Дајен Феинстеин, која била шеф на Комитетот за разузнавање во тоа време, ја блокирала таа промоција, со оглед на историјата на “сурови тортури” на Хаспел.

Во агенцијата, сепак, Хаспел е многу почитувана и уживала голема поддршка од администрацијата на Буш, но и од администрацијата на Обама.

Кое е нејзиното гледиште за методите на екстремните испрашувања не е познато, бидејќи никогаш не зборувала јавно на таа тема, што и всушност треба да се очекува од еден таен агент.

Tocka.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1