Во МЕПСО незаконски си поделиле двојно К15 и повисоки испратнини за пензија


Вработени во АД МЕПСО си поделиле регрес за годишен одмор за 2016 година, кој го надминува законскиот лимит, покажа анализата на државниот ревизор.

Од проверката на извештајот што ја направи „Макфакс“ произлегува дека Надзорниот одбор донел одлука за исплата на популарното К15, но износот бил исплатен спротивно на Законот за платата. „Исплатен е регрес за годишен одмор од 22.256 денари врз основа на одлука на Надзорниот одбор“, пишува во образложението.Според ревизорите, таа сума би требало да изнесува 13.088 денари. 

Тие притоа утврдиле дека биле исплатени средства за испратнина за заминување во пензија во износ од 5 просечни месечни нето-плати, но утврдениот износ што бил исплатен не бил во согласност со Законот

Државната ревизија утврдила и дека за милион и 858 илјади денари, членови на Управниот одбор не приложиле докази за трошоци за репрезентација. Ревизорите детектирале и спорни моменти и во правењето на фасадата на МЕПСО. Констатирани се низа недостатоци и пропусти, нема анекс-договори за извршени дополнителни услуги, објектот не е осигуран, zа 95 недвижни ствари АД МЕПСО не обезбедил имотни листови.

Повеќе на – Макфакс.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1