Пејачката Северина и Игор Којиќ потпишале предбрачен договор пред венчавката.
Пејачката има недвижности во вредност од 800.000 евра, а малиот Кеба има вила која вреди околу половина милион евра.
Драган Којиќ му го препишал цел имот на својот син, со цел неговата вонбрачна ќерка Ина да не добие ништо. Кеба ја доби неа со писателката Лилјана Јевремовиќ, со која имал кратка авантура пред 18 години.
Во договорот стои дека Игор нема да го бара нејзиниот имот во случај на развод. Меѓутоа, ни Северина од Игор нема да добие ништо од имотот, ниту од парите кои тој ги заработува како спортски менаџер.