Што ви покрива зелениот картон и ДО КОГА македонскиот возач ќе го плаќа?


Земјава е меѓу ретките земји во Европа која плаќа висока цена за осигурување од авто-одговорност.

– Зошто Р. Македонија не е потписничка на мултилатералната спогодба (multilateral agreement)?

– Кого штити Владата на РМ, Националното биро за осигурување на РМ и Агенцијата за супервизија на осигурителните компании?

– Кога ќе се укине и кај нас зелената карта?

zelen karton kolaЗа патување со автомобил на српските возачи веќе не им е потребен зелениот картон за влез во 28-те државите на Европската унија ниту пак за, Швајцарија, Норвешка, Исланд и Андора. Единствено овој документ им треба за Македонија и Босна.

Од државите во регионот зелен картон им е потребен за влез во Македонија и Босна, бидејќи овие држави не се потписнички на Мултилатералната спогодба. Имено, веќе од 01. 01. 2012 година Србија е членка на Мултилатералната спогодба по која за патување со автомобил во наведените земји е доволно да се поседува регистарска ознака, односно налепница.

За влез во Црна Гора на Србите исто така не им е потребен зелен картон со кој се регулира осигурување на возилото, бидејќи Здружението за осигурување на Србија и Националното биро за осигурување на Црна Гора имаат потпишано посебна спогодба со која е прифатен принципот на регистарска ознака. Од 01. 01. 2012 година Србија и уште 33 земји пристапија кон Потсистемот на регистарски ознаки, – спогодба која важи за сите земји на Европската унија, освен за Русија.

zelena karta kolaСо оваа Одлука Србите, кои во летниот период најчесто патуваат за Грција, доколку одат преку Македонија, ќе мора да платат за зелен картон 2000 динари или околу 18 евра, со тоа што картонот важи за цела година (додека за државјаните на Македонија чини 90 евра, како е можно ова?).

Неопходноста од поседување на Меѓународна карта за осигурување – ткн. „ЗЕЛЕНА КАРТА“ останува во сила за возила кои се наоѓаат на територија во следните земји:

• Русија, Белорусија, Украина, Молдавија, МАКЕДОНИЈА, Мароко, АЛБАНИЈА, БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА, Тунис, Турција, Израел и Иран.

zelena karta mapa

ШТО Е ЗЕЛЕНА КАРТА?

tur-granica_620x0ЗЕЛЕНАTA КАРТА е полиса која се употребува во преку 40 земји (за граѓаните на Македонија) во Европа. Со зелената карта се обезбедува покритие до минималните суми за секоја штета која ќе биде причинета со возилото на кого гласи истата. Зелената карта Ви е неопходна за да бидете заштитени доколку Вие сте учесник и виновен за некоја сообраќајна незгода и настанат било какви штети предизвикани со Вашето возило на територијата во посетената земја

ПОКРИТИЕ НА ЗЕЛЕНА КАРТА?

Било какви штети на трети лица:

• материјални штети (оштетено странско возило, објект на патот …)

• нематеријални штети (повредени и погинати лица).

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1