Што вистински ги плаши терористите?


Дури и терористите имаат стравови. А прашањето за половата еднаквост излегува дека се рангира прилично виско на нивните листи на најлоши кошмари. За нив логиката е едноставна. Жена со права никогаш нема да ја прифати бруталната идеологија која ја наметнуваат терористичките лидери како закон на нивната територија.Isis teroristi

Образованите жени и девојки фундаментално ќе се спротивстават на структурата на моќта на организациите, како што е Исис. Оттука, ако им го одземете правото на глас, тие мора да бидат обесправени и присилени на ропство.

По се, не е случјаност што некои од државите каде правата на жените се на најниско ницво исто така создаваат многу џихадисти за Ал Каеда и Исламска држава.

И во многу од тие држави правата на жените не само што стагнираат, туку и уназадуваат. Постојано некои од најлошо рангираните држави на економскиот индекс за моќта – и на севкупната листа – (Тунис, Египет, Турција, Либија, Авганистан, Алжир, Саудиска Арабија, Иран, Јордан, Сомалија, Пакистан и Сирија) се исто така и држави каде екстремизмот е во пораст, а во некои случаи дури веќе и ја презема власта.

Еден од првите чекори во доминацијата е контролата на информациите. Исто како што нацистите биле обземени со палењето на книги и искоренувањето на слободномислечки групи чие постоење можеби е некомпатибилно со еднопартискиот фанатизам, така и исламистичките екстремисти се посветени за затворање на секоја институција која на жените им обезбедува образование.

Во Авганистан, на ученичките на седум или осум годишна возраст талибанците им се закануваат па дури и ги убиваат ако одат на школо.

Во Нигерија, стотици девојчиња беа грабнати од училиштата на почетокот на минатата година. Можеби најпознатиот пример е добнтикот на Нобеловата награда, Малала Јусафзаи, пакистанското девојче кое беше цел на планиарно убиство и кое талибанците ја избраа како пример за всадување страв кај другите активисти за образование на девојчињата. Иако беше погодена во главата кога нејзиниот школски автобус падна во заседа во 2012, таа преживеа.

Неодамна во јазидските и курдските делови во Ирак, кои беа заземени од борците на Исламска држава, млади жение беа грабнати како робови и многу од нив сега живеат живот под најлоши можни услови. Во неодамнешна емисија на Светскиот сервис на Би-Би-Си слушнавме за телфонскиот повик кон еден курдски борец од језиди жена која била земена како робинка.

– Ако знаете каде сме, ве молиме бомбардирајте не, му рекла жената во плач која живее во бордел. „По ова за нас повеќе нема живот. Јас секако самата ќе се убијам – други се самоубија утринава. Силувана сум 30 пати, а веќе не е ниту време за ручек. Не можам да одам во тоалет. Ве молам, бомбардирајте не“.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1