Ставрески: Увидот во сметките на граѓаните е за нивно добро


Според измените кои веќе в понеделник се на дневен ред во собраниската матична комисија за финасирање и буџет, банките ќе потпишуваат меморандум со институциите со кои ќе се обврзат да ги даваат податоците.

За да не се малтретираат граѓаните и да носат банкарски потврди за состојба на сметките, а воедно и да се намалат гужвите по шалтерите, државните институции наместо нив ќе ги добиваат податоците.zoran stavrevski

Ова е причината поради која се носат измените во Законот за банки, велат од министерството за финасии. Со измените на Законот за банки се шири листата на институции што ќе имаат пристап до сметките на сите оние кои ќе сакаат да остварат одредени социјални права, права од вработување и здравствено осигурување.

Првиот финасиер Зоран Ставрески уверува дека  податоците ќе бидат обезбедени во стрикно доверлива процедура.

Со измените им се дозволува и на Агенцијата за вработување, министерството за труд и социјална политика и Фондот за здравствено осигурување да можат да имаат увид во банкарските сметки на граѓаните кои ќе сакаат да остварат одредени права. Се планира увидот во финанскиската состојба во банките да се врши доброволно врз основа на изјава и претходна согласност од примателите на правата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1