Што засекогаш остана под урнатините по земјотресот (Фото)


Покрај загинувањето на голем број луѓе, во центар на вниманието беа и материјалните штети. Ужасна била и состојбата на музеите и спомениците на културата.

Зградата на Музејот е до темел разрушена, поголемиот дел од материјалот е уништен или тешко оштетен, како што се збирката од керамика, икони и фонд од копии на фрески.

Турбе Јигит паше била гробница од XIV век, каде бил погребан командантот на турската војска која го заземала Скопје во 1392 година. За време на земјотресот до темел урнато.

Турбе Алти Ајак била гробница на командантот на турската коњаница Јаши од ова Турбе по земјотресот останале само два столба и основа.

Турбе Гази Баба била гробница на познатиот турски поет Ашик Челебије кој починал во Скопје во 1571 година.

И ова Турбе било потполно уништено.

Турбе Крал К’зи бил по едно толкување била гробница на ќерката на последниот босански крал, која како заробеник живеела кај Гази Иса бег, и оваа гробница разрушена е до темел.

Во тешко оштетените споменици на културата спаѓаат:

Куршмли ан – Од земјотресот потполно се урнати делови на централниот влез, југоисточниот дел, цел агол, како и поголем дел на сводот на кат на западната страна, додека скоро сите ѕидови, сводови и столбови биле напукнати и оштетена.

Казанџилар џамија потполнувала дел од комлексот Куршумли ан. Објектот бил потполно урнат и останале само мали делови од северниот ѕид и долниот дел од минарето.

Феудалната кула била единствен споменик од турскиот период кој бил сочуван на десната страна од реката Вардар, од земјотресот западнот и јужниот ѕид биле срушени.

Безистен претставува правоаголна градба поделена на четири дела во која се влегувало низ четири влеза. Внатрешноста служела за работа на занаетчиите или на трговците. Оштетувањата на овој објект биле големи особено на внатрешноста која била потполно уништена.

голем дел од Старата скопска чаршија бил урнат.

И веќе познатите Официрскиот дом, театарот, железничката станица…

Во помалку оштетени споменици на културата на Скопје спаѓа и Камениот Мост, бил оштетен највисокиот дел од мостот – плочата со натписот која паднал во реката, додека на некои столбови се гледаат пукнатини помеѓу камените блокови.

Црквата “Свети Спас” Самиот иконостас не бил оштетен, но зградата на црквата била значително оштетена. Покривот, источните и западните ѕидови биле така оштетени што им се заканувала опасност од уривање, а со тоа и можност на оштетување на сите уметнички предмети во црквата.

УНЕСКО помогна финансиски, но и ги зема археолошките и етнолошки експонати , ги конзервираше и реставрираше.

И светот на уметниците беше дарежлив кон Скопје. Свои дела донирале италијанскиот сликар Џузепе Сантомазо, германскиот графичар Хап Грисхабер, хрватскиот колекционер Герхард Ледиќ. Петар Лубарда, ги подари сите свои дела од неговата самостојна изложба поставена во неколку југсловенски градови есента 1963 година.

во Франција е формиран Комитет за помош на Скопје, кој го раководи познатиот писател и историчар Жан Касу и во кој членуваат сликарот Жак Дусе, секретарката на познатиот париски Мајски салон, г-ѓа Жаклин Салц и уметникот и теоретичар Ивон Тајандие; во Комитетот во Англија учествуваат сликарите Денис Боуен, Кенет Коуц-Смит, Питер Б’рд и скулпторот Џеси Воткинс.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1