Често имате кошмари, се будите во сон и не знаете што, всушност, тие значат? Водечкиот светски астролог Мајкл Виго објаснува што се крие зад најчестите кошмари.
Кога некој пука во вас, тоа е знак дека поминувате низ конфронтација во реалноста. Може да се протолкува и дека се чувствувате како жртва.
Еден од најчестите лоши сноништа е кога ви паѓа заб. Забот е симбол за привлечност, а неговото паѓање значи дека се плашите од одбивање или стареење. Жените во менопауза често имаат вакви соништа, што укажува на тоа дека губењето на забот е врзан за стареењето и чувството за губење на привлечноста и женственоста.
Ако сте заробени во замка, тоа значи дека сте ограничени на вашето работно место, кариера или некој ве попрелува во врската. Може да означува и измореност од монотонијата и секојдневието.
Давењето е знак дека сте преплавени со емоции. Треба да им прио|ате на проблемите повнимателно и да им посветите повеќе време. Ако се удавите во сонот, тоа е знак за повторно емотивно раѓање.
Иако сонувањето на смртта често асоцира на страв и анкциозност, нема место за паника. Тој сон често може да биде добар знак дека следат големи промени.
Кога сонувате дека некој ве брка, тоа значи дека избегнувате ситуација која ја сметате за неважна и нерелевантна. Сонот е метафора за некој вид на несигурност. Ако ве брка животно, тоа значи дека го криете во себе и не го признавате бесот кон самиот себе. Во спротивен случај, бегате од основните нагони.
Кога во сонот ќе ви откажат сопирачките на автомобилот, тоа е знак дека ви недостига стабилност. Животот ви е надвор од контрола и треба нешто да промените. Ако во автомобилот нема возач, треба да пробате да поставите контрола над животот. Не прифаќате одговорност за сопствените дела.
Сонот за крајот на светот укажува дека сте под голем стрес. Веројатно се чувствувате ранливо и беспомошно во некоја ситуација.