Штрајк на грчките цариници, се очекуваат големи гужви на граничните премини


Грчките царински служби денеска ќе штрајкуваат, поради што се очекуваат големи гужви на граничните премини Евзони, Дојран и Ники.

На премините Евзони (Богородица), Дојран (Дојрани) и Ники (Меѓитлија), патничките возила ќе бидат пропуштени еднаш на секои 10 минути во периодот од 6 до 10 часот по грчко време, додека товарниот сообраќај е целосно прекинат.

Поради овој режим, се очекуваат подолги застои и формирање редици, особено на преминот Евзони.

Иако се очекува дека по завршувањето на штрајкот, сообраќајот постепено ќе се нормализира, зголемениот број возила би можел да предизвика застои во текот на остатокот од денот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1