Македонски пар – МАЈКА 61 И ТАТКО 71 ГОДИНА ЗА ПРВПАТ СТАНАА РОДИТЕЛИ


Информацијата ја споделија од болницата на социјалните мрежи

На успешната бременост и претходеа хистероскопска реконструкција на матката, внимателна и индивидуализирана медицинска подготовка, како и ин витро постапка со донирани јајце-клетки.

Screenshot

Пациентката и нејзиниот сопруг, кој е Шпанец живеат и работат во Швајцарија, а породувањето беше извршено со царски рез во Цирих.

Ова е втор исклучителен успех на Болница „Д-р Органџиски“ кај пациентка во оваа возрасна група, по раѓањето на здраво дете кај наша 60-годишна пациентка во 2024 година.

Зад овој резултат стојат повеќе од три децении надеж и неостварена желба за сопствено дете, но и огромно медицинско знаење, искуство, трпение, прецизност и посветеност во секој чекор од лекувањето.

Ваквите резултати не се случајност. Тие се создаваат со години работа, постојано усовршување, тимска координација и храброст да се преземат најсложените медицински предизвици.

Голема благодарност до д-р Верица Органџиска, ембриолозите Емилија Миовска и Ангела Мицова, како и до целиот тим на Болница „Д-р Органџиски“, кој со своето знаење и посветеност придонесе овој долгогодишен сон да стане реалност.

Денес не славиме само раѓање на едно дете.

Славиме исполнување на сон стар повеќе од триесет години. Славиме нов живот, создаден со многу надеж, наука, истрајност и човечка посветеност.

Ова не е успех само на едно семејство и на една болница. Ова е значаен успех за македонската репродуктивна медицина и доказ дека и во Македонија постојат лекари и медицински тимови со знаење, искуство и капацитет да постигнуваат резултати достојни за светска почит.

Штип и Македонија имаат причина да бидат горди што токму тука постои болница и медицински тим што со својата работа, знаење и посветеност ги поместува границите на возможното.

Гордост за Болница „Д-р Органџиски“.
Гордост за Штип.
Гордост за Македонија. – стои во објавата.

https://www.facebook.com/share/v/1DCsZdbvvz/?mibextid=wwXIfr

https://www.facebook.com/share/v/1DCsZdbvvz/?mibextid=wwXIfr

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1