,,Засрамениот,, поранешен шеф на ММФ Доминик Штрос-Кан ја прослави својата спогодбена исплата во вредност од шест милиони долари, која ја договорил со слугинка на њујоршки хотел која го обвини дека се обидел да ја силува. Доминик моментот го прославил заедно со уште три русокоси девојки, модели, во ноќен клуб во Париз.
Поранешниот 64 годишен економист бил фатен од страна на виедо камера, како бесрамно се забавува со атрактивните млади жени во текот на ноќта во францускиот главен град.
Штрос беше обвинет од страна на њујоршката чистачка на хотел, Нафисатоу Диало, за обид за силување, по што поднела граѓанска тужба за сексуален напад. Штрос Кан поради ваквиот скандал, се откажа од местото шеф на ММФ и од трката за претседател на Франција.