Шуга и сипаници регистрирани меѓу бегалците на Табановце


Од Центарот за јавно здравје Куманово потвредено е дека има појава на шуга и сипаници во Прифатниот центар на Табановце, по што екипите на Црвениот Крст обезбедиле шампон и гелови за заболените, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.migranti begalci

Во Прифатниот центар на Табановце заклучно со вчера имало вкупно 1.349 бегалци и тоа 1.010 во кампот од кои 483 од Авганистан, 386 од Сирија, 92 од Ирак, 6 од Мароко, 2 од Еритрерија, 1 од Тунис, 1 од Либија, 21 од Иран, 11 од Алжир и 7 Пакистан, како и 339 бегалци кои се наоѓаат на гранична линија меѓу кои има 301 Сиријци и 38 Ирачани.
Во текот на изминатото деноноќие едно лице државјанин на Сирија било пренесено на Одделението за хирургија при кумановската болница, каде му биле направени потребните прегледи и интервенции, по што лицето е вратено назад на Табановце.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1