Шуга и вошки се шират меѓу мигрантите во Центарот за азил


Заразна болест шуга и вошки се шират меѓу мигрантите сместени во Центарот за времено сместување на азиланти во Гази Баба со кој раководи Министерството за внатрешни работи, соопшти народниот правобранител Иџет Мемети.

Капацитетот на Центарот е од 100 до 120 лица, но во него вчера имало 364, плус тие 125 кои се донесени од Ваксинце. Меѓу нив имало 28 жени и 35 деца, другите се мажи.bunt migranti

– Сите спијат на земја, немаат со што да се покријат. Во две соби спијат жените, меѓу нив и трудница. Една од собите ја користат за кујна. Во целиот објект има само еден доктор кој не може се да постаса. Вчера имало бунт во Центарот. Откривме дека некои од нив се држат спротивно на сите законски прописи – истакна Мемети.

Според него, незаконски се држеле мигрантите во Центарот повеќе од 30 дена, што било спротивно на законот.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1