Шумахер повреден на скијање – се бори за живот?


Михаел Шумахер се бори за живот откако попладнето му се влошила состојбата, по скијачката несреќа, во која со тешки повреди на главата се здобил седумкратниот шампион во Формула 1. Тој со хеликоптер итно бил префрлен во болница.

sumaherИако извори од болницата претходно изјавија дека состојбата му е стабилна, француски медиуми повикувајќи се на неименувани извори јавуваат дека попладнето неговата состојба се влошила и дека животот му е загрозен.

Не се знае за колку сериозни повреди станува збор, но се наведува дека тој удрил со главата во карпа и само кацигата што ја носел му го спасила животот.
Тој се повредил при скијање во францускиот дел на Алпите, а веднаш по несреќата со хеликоптер е пренесен во болницата во Мерибел.

„Беше шокиран, но при свест. Имаше среќа што носеше кацига“, изјавил директорот на скијачкиот ресорт.
Шумахер на 3 јануари слави роденден, а по второто повлекување од Ф1 во која имаше рекордни 91 победи, со сопругата и двете деца живее во Швајцарија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1