Седумкратниот светски првак и една од најголемите икони на Формула 1, пушти солзи откако со него разговарале сопругата Корина, ќерката Гина Мариа и синот Мик.
Откако помина нешто повеќе од година дена откако тешко настрада при скијање, Михаел Шумхер покажува се подобри и подобри знаци на повраток во нормалниот живот. Британските медиуми пишуваат дека Михаел Шумахер неодамна заплакал на звукот од гласовите на своите деца и дека полека почнува да ги распознава нивните лица.
Седумкратниот светски првак на Формула 1 пушти солзи откако со него разговарале сопругата Корина, ќерката Гина Мариа и синот Мик. Неговото семејство го одбележи 46-годишниот роденден во нивниот дом во Швајцарија а како што пишува Corriere della Sera солзите се одличен знак после долгото бавно опоравување.
Откако на 29-ти декември во 2013 година тешко настрада скијајќи на француските Алпи, семејството на Шумахер даваше малку информации за ситуацијата на Михаел, но оваа вест сепак одлучија да ја споделат со јавноста.