Швајцарците со најдлабок џеб – Македонците имаат крпен живот


Швајцарците се најбогати, а Македонците се меѓу едни од најсиромашните народи.

Секој Македонец има 25.700 долари, Словенецот поседува по 122.000 долари, а Швајцарците се најбогати во Европа.

Меѓу соседите и земјите од поранешна Југославија најдобро позиционирани се Словенија со 122.508 долари и Хрватска со 62.804 долари. Жителите на Црна Гора имаат 53.484 долари, Босанците имаат 27.873, a Србите 25.046 долари.

Најбогати се жителите на Швајцарија со 564.653 долари по човек. Зад нив се Исланд со 380.868 долари, Луксембруг со 358.003 и Данска со 284.022 долари по лице. Богати се и Малтежаните со 143.566 по лице, а жителите на Монако располагаат со 218.321 долар по лице.

„Credit Suisse“ во десетто издание на нивниот „Глобален извештај за богатството“ за 2019 година, ги рангираше европските држави, односно направи список на земји со „износот на богатство“ по возрасно лице.

На дното на листата се Украина со 8.792 долари, Грузија со 12.609 и Молдавија со 12.804 долари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1