Ден пред Свети Валентин, 13 февруари, е денот кога повеќето неверни сопружници ја прославуваат својата забранета врска, открива истражувањето кое го направил еден сајт за склучување вонбрачни врски.
Многу двојки на 14 февруари ќе го прослават денот на вљубените со искажување на внимание и размена на подароци, но ако може да му се верува на Gleeden, тоа за многу од нив ќе биде само „повторување“ на моментите доживеани 24 часа претходно.
Имено, 52 проценти од „швалерите“ навеле дека својата скриена љубов ќе ја прослават на 13 февруари кој во Америка е познат и како Ден на љубовниците.
Пет проценти од нив изјавиле дека Свети Валентин ќе го одбележат во друштво на својата тајна љубов ден подоцна, односно на 15 февруари, а 12 проценти рекле дека со љубовниците ќе го прослават Свети Валентин на 14 февруари и тоа на јавно место, како на пример ресторан.