Шведска бара кувари, електричари, акуштерки, молери…


Шведскиот завод за миграции објави официјална листа за бараните професии во оваа развиена скандинавска земја, со цел да привлече квалитетен и образуван кадар во наредниот период.

На листата на професии за кои постои побарувачка во Шведска, а кои се објавени на интернет страницата на Заводот за миграции, се наоѓаат меѓудругото професии како што се акушерки, електроинженери и електротехничари, кувари, лимари, медицински сестри, молери, пекари, слаткари, водоинсталатери и стоматолози.

moleri majstor

Меѓу бараните професии се наоѓаат и аптекари, геометри, градежни инженери, инструктори за возење, комерцијалисти, лекари, механичари, наставници и учители во основни училишта, педагози, психолози, рабтници во железница, рудари, стаклоресци…

Повеќе информации за бараните занимања можат да се најдат на интернет страницата на Заводот за миграции.

Според податоците на консултантската компанија  Ernst&Young, просечната бруто плата во Шведска е 32.769 евра, односно 2.730 евра месечно.

Шведска е позната како развиена извозно-ориентирана економија во светот. Дрвната индустрија, хидроцентралите и производството на железна руда се базни ресурси на оваа земја, ореинтирани кон надворешната трговија. Главни индустриски гранки  во Шведска се производство на моторни возила, телекомуникации, фармација, индустриски постројки, прецизна опрема, хемиска стока, апарати за домаќинство, шумарство и производство на железо и челик.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1