Шведска е победник на шеесетото јубилејно издание на Евросонг кое годинава се одржува во Виена.
Шведскиот претставник и неговата песна „Heroes“ триумфираа во финалето на годинешниот Избор за песна на „Евровизија“ што се одржа во салата „Штатхале“ во Виена, Австрија. Изведувачот на победничката песна „Херои“ е Манс Зелмерлов, кој уште од самиот почеток важеше за еден од најголемите фаворити на натпреварот.
Тесната битка се водеше меѓу претставниците на Шведска, Русија и Италија, кои навистина беа одлични и се издвоија меѓу финалистите. На крајот Швеѓанецот, кој имаше извонредно осмислен настап, се издвои и си ја осигури победата со 365 поени, пред Русинката Полина Гагарина и нејзината „Million voices“, која заврши со 303 бода.