Шведска не воведе карантин, сега имаат најголема смртност во последните 150 години


Коронавирусот однесе околу 4.500 животи во Шведска до крајот на јуни, а бројот сега се искачи на 5.800, што е стапка на смртност ,значително поголема отколку во другите нордиски земји, иако пониска отколку во некои други земји, вклучително и Велика Британија и Шпанија. .

Вкупно 51.405 Швеѓани починале меѓу јануари и јуни, повеќе отколку во која било друга година од 1869 година кога 55.431 починале, делумно од глад.

Во тоа време во Шведска имало околу 4,1 милиони жители, а денес има 10,3 милиони. Ковид-19 ја зголеми смртноста за 10 проценти од просекот во последните пет години, соопшти Бирото за статистика.

Во април, бројот на жртвите бил скоро 40% поголем од просекот, како резултат на зголемувањето на смртните случаи поврзани со корона.

Шведска презеде поинаков пристап во справувањето со пандемијата од повеќето европски земји, потпирајќи се повеќе на доброволни мерки насочени кон социјално дистанцирање и не воведе строги мерки на карантин.

Повеќето училишта останаа отворени, а многу бизниси продолжија да работат до одреден степен, што значи дека економијата помина подобро отколку во многу други земји.

Сепак, бројот на смртни случаи е поголем отколку кај нордиските соседи, кои се определија за построги мерки. Норвешка, со околу половина од шведскиот број население, има вкупно само околу 260 смртни случаи на коронавирус.

Економијата на Финска, исто така, ги надмина своите поголеми соседи во вториот квартал, и покрај посилниот пад. Бруто домашниот производ на Финска се намали за околу 5% во однос на намалувањето од 8,6% во Шведска во однос на претходниот квартал.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1